“Државно земјиште во Струмица”
Министерството за транспорт...
Министерството за транспорт ја спречило продажбата на државното земјиште во Струмица. Според документите, Министерството испратило укажување до општина Струмица, дека при определувањето на почетната цена на електронското јавно наддавање за државното земјиште, не биле земени предвид компатибилните класи за намена на земјиштето, со што се оштетуваат општинскиот и државниот буџет за над 58 милиони денари. Од Транспорт и укажале на Струмица оти продажбата е спротивна на Законот за градежно земјиште и на Уредбата за висината на цената.
Од Министерството за транспорт за МТВ потврдуваат дека поништувањето на објавата за оттуѓување на земјиштето се случила дури откако укажале на тоа дека со неа се оштетуваат општинскиот и државниот Буџет.
Министерството ги утврдило неправилностите откако негови службени лица спровеле надзор во Општината, на објавите и спроведените постапки за оттуѓување градежно земјиште.
“Горан Крстев е бизнис – партнер на Вице Заев и семејството Заеви преку фирмата Сара Јавор Инженеринг, а на јавноста познат како еден од осомничените, а потоа и аболициран за аферата Глобал, тешка 8 милиони евра. Дека тој се уште е бизнис – соработник на Заеви говори последниот скандал за недозволена продажба на градежно земјиште по само 1 евро за квадратен метар”, изјави Александар Колев, ВМРО-ДПМНЕ
Мартин Пушевски
