Експлозија и во метро станица во Брисел

22.03.2016 10:10

Засега официјално е потврдено дека при експлозијта на Малбек е повредено едно лице.

По експлозиите на аеродромот „Завентем“, претпладнево се случи уште една експлозија во метро станицата Малбек во белгискиот главен град, во близина на институциите на ЕУ, јави белгиската телевизија РТБФ.

Засега официјално е потврдено дека при експлозијта на Малбек е повредено едно лице.

Претходно, утринава во 8 часот одекнаа две експлозии на меѓународниот аеродромот „Завентем“ во Брисел, во кои, според РТБФ, која се повикува на болнички извори, има најмалку 10 загинати и 30 повредени.