Обвинителство формира комисија за изборни нерегуларности

22.03.2016 10:20

Членови на комисијата се јавни обвинители од јавното обвинителство на Република Македонија, од вишите и од основните обвинителства.

Јавниот обвинител на земјава донесе одлука за формирање привремена комисија која ќе следи евентуални изборни нерегуларности што би биле направени при организирањето и спроведувањето на изборите на 5-ти јуни.

Членови на комисијата се јавни обвинители од јавното обвинителство на Република Македонија, од вишите и од основните обвинителства.

Комисијата, како што стои во дописот, за сите настани кои даваат индиции за евентуално направени изборни нерегуларности ќе дава задолженија за итно постапување.