Најмалку 10 жртви во експлозијата во бриселската метро станица Малбек
Во реонот на сатницата Малбек се наоѓаат зградата на Европската комисија и Европскито совет, како и македонската Амбасада во Белгија и Постојаната Мисија на Република Македонија при Европската унија.

Најмалку десет луѓе загинаа во експлозија во воз на метро станицата Малбек во Брисел, што се наоѓа во дипломатскиот кварт и во близина на институциите на ЕУ.
Во реонот на сатницата Малбек се наоѓаат зградата на Европската комисија и Европскито совет, како и македонската Амбасада во Белгија и Постојаната Мисија на Република Македонија при Европската унија.
Со ова, бројката на загинати од денешните симултани терористички напади во Брисел се искачи на 23 лица, со оглед на тоа што белгиското обвинителство потврди дека во терористичкиот напад на бомбаш-самоубиец на националниот аеродром „Завентем“, утринава загинале 23 лица, а 35-мина се повредени.
Европската комисија ги повика вработените да останат дома или на работните места.
