Расте бројот на жртви во терористичките напади во Брисел

22.03.2016 11:33

13 лица загинаа, а 35 се ранети во терористичкиот напад што се случи утринава на меѓунардониот аеродромот во Брисел. Уште најмалку 10 лица загинаа во експлозијата во метро- станицата Малбек. Засега е потврдено дека нападот на аеродромот бил изврешен од бомбаш-самоубиец...

Белгиското обвинителство потврди дека 13 лица загинаа, а 35 се ранети во терористичкиот напад што се случи утринава на меѓунардониот аеродромот во Брисел, Пред двете експлозии, што се случиле една по друга, на терминалот за полетување на аеродромот „Завентем“ во Брисел, се слушнале истрели и повици на арапски јазик.

Засега е потврдено дека нападот, што се случи во 8 часот, бил изврешен од бомбаш-самоубиец. Поради двете експлозии, аеродромот, како и железничката станица во во него, се затворени.

По нападот на аеродромот „Завентем“, претпладнево се случи уште една експлозија во метро станицата Малбек во белгискиот главен град, во близина на зградата на Европската комисија и на Европскиот совет.

Како што јавуваат белгиските медиуми, во експлозијата загинале најмалку десет луѓе.

Според белгиската агенција „Белга“, која се повикува на полициски извори, регистрана е и експлозија во метро станицата Шуман, под зградата на Европската комисија.