Давос: Како да се промени светот?
Годишниот економски форум во Давос е во знакот на мотото...

Годишниот економски форум во Давос е во знакот на мотото: нешто мора да напрваиме да се пормени свтетот. Покрај политичката и економска елита , традиционално во швајцарскиот монденски ски центар учествуваат познати американски актери и пеачи.
За прв пат годинава е забележано многу мало учество на жените, а јавноста во Швајцарија портестира, дека и по Давос во светот ништо не се менува, туку напртотив се е потешко, жалејќи ги своите пари што ги даваат за обезбедувањето кое се грижи за безбедноста.
На собирот на светската елита во Давос, освен влијателната директорка на Јаху и претседателката на Универзитетот Харвард, годинава многу малку се застапени жените.
Организаторите велат дека ова едноставно е одраз на денешниот свет, бидејки на форумот доаѓаат оние коишто поканите ги добиваат врз основа на функцијата.
Кога луѓето нема да бидат таму, ќе се промени и демографијата во Давос.
Светските моќници разговараат за проблемите во светот, но неизбежни се забавите со американските актери и пеачи. Како специјален гостин годинава е холивудстката глумица Голди Хоун, која ќе ја престави својата фондација за помош на децата во развој.
Актерот Мет Дејмон ја доби и специјална награда за ангажирањата за помош на луѓето од Африка, а додека актерката од иранско потекло Ширин Нешат беше наградена за големиот придонес во борбата за слобода на иранските културни дејци.
„Многу патувам во земјите од Третиот свет. Луѓето страдат многу, бидејќи немаат чиста вода за пиење. Би сакал да ја слушнете пораката и несебично да помогнете“ изјави актерот Мет Дејмон.
„Уште од исламската револуција во 1979- та година, нешто тажно се случи во Иран. Го почитувам претседателот Рохани, и се надеавма дека ќе помогне уметниците да ја свтртат новата страница, бидејќи земјата е дел од светското културно наследтво, изјави актерката Нешат.
Мирјана Василева
