Теренската проверка на Избирачкиот список почнува кон крајот на неделава

22.03.2016 11:51

Проверката на 100.436 лица и адреси како што информираат од ДИК ќе започне кон крајот на неделата. Целта е велат, да се стекне довербата од сите.

Стартува кампањата на Државната изборна комисија „Отворени врати“ со која граѓаните преку спотови ќе се мотивираат да соработуваат со анкетарите кои ќе ја вршат теренската проверка на избирачкиот список.

Проверката на 100.436 лица и адреси како што информираат од ДИК ќе започне кон крајот на неделата. Целта е велат, да се стекне довербата од сите.

Како што соопшти на денешната прес конференција Љупка Гугучевска, советник во ДИК, теренската проверка ќе ја вршат 374 овластени анкетари, а нивни контролори ќе бидат раководителите на подрачните единици на ДИК.

Пасивно набљудување на целиот процес ќе може да вршат претставници на четирите најголеми политички партии.