По нападите во Брисел, зголемено нивото на безбедност во Франција, Холандија, Германија, Велија Британија

22.03.2016 12:13

По експолозиите во Брисел подигнато е нивото на тревога во Франција, Холандија, Германија и Велика Британија.

Францускиот претседател Франсоа Оланд одржува итен состанок со шефовите за безбедност во Елисејската палата во Париз.

По експолозиите во Брисел подигнато е нивото на тревога во Франција, Холандија, Германија и Велика Британија.

Во Лондон британскиот премиер Камерон е на итен состанок со членовите на Кобра, безбедносниот комитет на Обединетото Кралство.

Аеродромите во Велика Британија исто така го подигнаа нивото на безбедност, при што Камерон изјавил дека Лондон ќе направи „се што може за да помогне во оваа ситуација“.