Терористички напади во Брисел: Бројот на жртви расте од час во час
Според последните информации, 28-мина загинаа, а 50-ина лица се повредени во утринските терористички напади во Брисел, на аеродромот „Завентем“ и метро станицата „Малбек“. Сите приоди кон аеродромот се затворени, а мерките на безбедност се подигнати на највисоко ниво...

Бројот на жртвите се зголемува од час на час. Во моментов станува збор за 28 загинати и над 50 повредени лица, потврди федералниот обвинител на Белгија.
Неофицијално бројката на загинатите во двете силни експлозии кои рано утринава во 8 часаот го потесоа аеродромот „Завентем“ во Брисел е поголема. Само еден час претходно уште една експлозија одекна во метро станицата „Малбек“ која е во самиот центар во Брисел, во непосредна близина на европските институции. Конкретно на аердромот „Завентем“ загинаа 12, а во метро станицата 16 цивили.
Потврдено е дека експлозиите ги активирал бомбаш самоубиец. Во меѓувреме сите патници во „Завентем“ се евакуирани, аеродромот е затворен и се пренасочуваат сите летови. Блокирани се и сите пристапни патишта до аеродромот, вклучително и железничкиот.
Пред експлозиите, се слушнале и неколку рафали од автоматско оружје и извици на арапски јазик, изјавуваат сведоците од местото на настанот. Последните информации се дека антитерористичката едница на Белгија открила уште три експлозивни направи. Инаку експлозиите се случуваат само 4 дена по аспењето на организаторот на терористичките напади во Париз, Салах Абдеслам во Брисел.
На прес- конференција се огласи и шефицата на дипломатијата на ЕК, Федерика Могерини која мошне емотивно изјави дека ова е тажен ден за Европа.
„Ова е многу тажен ден за Европа. Унијата и главниот град преживуваат иста болка што и на овој блискоисточен регион му е познат секој ден, во Сирија, насекаде во околината. Сеуште очекуваме попрецизни информации за динамиката и нападите во Брисел, но веќе е јасно дека корените на болката се идентични и во овој регион. Треба да се обединиме за да реагираме во спречување на радикализацијата и на насилството“, рече Могерини.
Министерот за внатрешни работи на Белгија, Жан Жамбон вчера изјави дека земјата е на највисоко 4-то ниво на тревога за можни напади на одмазда по апсењето на Абдеслам.
Катастрофата е активирана, истакна гувернерот на Брабант, Лодевијк Де Вите. Се очекува Кординативниот комитет во кординација со Националниот центар за кризи да ја анализира ситуацијата и итно да се преземат потребните мерки.
Во моментов се стравува од кординирани експлозии на секој час, особено на најфрекфентните места. Сите метро станици низ градот се затворени. Полициските сили во полна опрема се на секоја поголема раскрсница.
Слободно можам да кжзам- Брисел е повторно под опсада. Препорака на надлежните органи е да не се напуштаат местата на зивеење, а во тек е и евакуавција на институциите и училиштата.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
