Нема повредени македонски дипломати, се чека информација за македонски граѓани
Лепавцов потврди дека македонската амбасада и постојаната мисија при ЕУ денеска продолжуваат да работат и покрај рестрикциите во европската област во Брисел каде што на стотина метри од македонските дипломатски претставништва беше извршен бомбашкиот напад во метрото.

Амбасадорот во Постојаната мисија на Република Македонија при Европската Унија, Андреј Лепавцов, соопшти дека нема повредени и загинати македонски дипломати во денешните терористички напади на аеродромот „Завентем“ во Брисел, како и во бриселското метро на станицата Малбек.
Лепавцов потврди дека македонската амбасада и постојаната мисија при ЕУ денеска продолжуваат да работат и покрај рестрикциите во европската област во Брисел каде што на стотина метри од македонските дипломатски претставништва беше извршен бомбашкиот напад во метрото.
Сепак, за информацијата дали има загинати или повредени македонски државјани во терористичкиот напад, амбасадорот Лепавцов истакна дека се очекува официјална информација од органите на Кралството Белгија.
