Одложена комисијата за извештајот на Јанева

22.03.2016 13:12

Повторно, на седницата не дојде ниту еден претставник на ова обвинителство...

И денешната седница на собраниската Комисија за политички систем на која требаше да се разгледува извештајот на Специјалното јавно обвинителство не се одржа.

Повторно, на седницата не дојде ниту еден претставник на ова обвинителство.

Претседателот на комисијата, Влатко Ѓорчев ја одложи седницата за утре во 13 часот.