Претседателот Иванов во посета на Агенцијата за разузнавање

22.03.2016 13:32

Факт е дека македонските безбедносни служби покажаа врвни резултати во справување со кризата и во спречување на евентуални безбедносни закани.

Претседателот Ѓорге Иванов во Агенцијата за разузнавање на средба со директорот и со тимот од Агенцијата што беше вклучен во активностите за справување со мигрантската и бегалската криза.

Факт е дека македонските безбедносни служби покажаа врвни резултати во справување со кризата и во спречување на евентуални безбедносни закани.

Шефот на државата побара пристап до базата со податоци на Фронтекс и поголема размена на информации меѓу безбедносните служби.

Претседателот Иванов со осуда на најновиот терористички напад во Брисел нагласувајќи дека ваквите закани остануваат и затоа е потребна поголема будност на сите институции.