Исламска држава ја презеде одговорноста за нападите во Брисел

22.03.2016 13:37

Во трите експлозии кои изутрината одекнаа во Брисел загинаа најмалку 26 луѓе, а ранети се повеќе од 130, јавија белгиски медиуми.

Терористичката организација Исламска држава (ИД) ја презеде одговорноста за нападите во Брисел, пренесуваат медиумските агенции.

Во трите експлозии кои изутрината одекнаа во Брисел загинаа најмалку 26 луѓе, а ранети се повеќе од 130, јавија белгиски медиуми.

Белгиската министерка за здравство Маги де Блок изјави дека во нападите на аеродромот загинале 11 луѓе, а повредени се 81, додека во метро станицата Молебек загинаа најмалку 15 луѓе, а повредени се најмалку 55.