Почна Саемот на мебел, се очекува голема посетеност

22.03.2016 14:51

Од 22-ри до 27-ми март на Скопски саем се одржува 42-от, најголем Саем на мебел досега. 10 илјади парчиња на мебел, ќе бидат изложени во 11 хали со учесници од Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и од Италија.

180 домашни и 400 странски изложувачи и над 10.000 парчиња мебел се изложени во 11 хали на Скопски саем. Најновите модели на мебел ќе бидат достапни во наредните 6 дена.

Ова е 42-ри Саем на мебел и како што го најавуваат организаторите- е најголемиот досега. Ќе трае од 22 до 27 март.

Производителите на мебел велат- новите модели, атрактивниот дизајн и попустите годинава, би требало да привлечат над 50.000 посетители.

Посетителите посакуват ниски цени и квалитетни производи.

На саемот на мебел изложуваат компании од Србија, Хрватска, Косово, Босна и Херцеговина и  Италија. Секоја најавува сопствена промоција и презентации, а ќе има и големи попусти.

По повод саемот, пониски цени најавија и многубројните салони за мебел во метрополата.

 

Александра Перевска