Метео: Утре попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
22.03.2016 15:00
Утринските температури ќе бидат релативно високи, а дневните ќе опаднат во споредба со денешните.

Утре во Македонија се очекува значителна промена на временските услови во однос на денешните. Ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд.
Попладне нестабилно, на места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а не е исклучена можноста и за изолирана појава на град.
Утринските температури ќе бидат релативно високи, а дневните ќе опаднат во споредба со денешните.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
