Терористите удрија во центарот на Европа

22.03.2016 16:00

Пеколен вторник во Брисел. Белгија ги брои жртвите по терористичките напади на аеродромот „Завентем“ и метро-станицата Шуман. Одговорноста ја презеде Исламска држава. Подигнати безбедносните мерки во сите европските центри...

Во Брисел се повтори париското сценарио. Терористите на Исламска држава, која ја презеде одговорноста за крвавиот напад, активираа неколку самоубиствени бомби во аеродромот „Завентем“ и во метрото во населбата Маалбек.

Вака изгледаше белгиската престолнина по утринските терористички напади во кои според последните информации загинаа 34 лица, а над 150 недолжни граѓани се ранети.

Сите приоди кон аеродромот се затворени, а мерките за безбедност се подигнати на највисоко ниво.

Од Брисел се јавува Марина Стојанова-Тонева