Кабинет на Иванов: Јанева го оспори и сопствениот легитимитет

22.03.2016 17:28

Со денешната изјава, Јанева го оспори и сопствениот легитимитет, бидејќи е избрана токму од, според неа, нелегитимното Собрание, а сопствениот легитимитет го црпи од Законот за специјалното обвинителство што е прогласен со указ потпишан од исто така, според нејзините тврдења, од нелегитимниот претседател.

„Пред да соопштува во јавноста какви било заклучоци во однос на легитимитетот на Претседателот, Јанева добро да се информира која година се одржаа претседателските избори. Ја потсетуваме дека својот втор мандат претседателот Иванов го почна во 2014 година, а не во 2013, 2012 или 2011 како што изјави таа“ - велат од кабинетот на Ѓорге Иванов.

Со денешната изјава, Јанева го оспори и сопствениот легитимитет, бидејќи е избрана токму од, според неа, нелегитимното Собрание, а сопствениот легитимитет го црпи од Законот за специјалното обвинителство што е прогласен со указ потпишан од исто така, според нејзините тврдења, од нелегитимниот претседател.

Кабинетот на претседателот оценува дека тврдењата на Катица Јанева се неосновани и тенденциозни, и ја советува специјалната јавна обвинителка, да покаже барем минимално ниво на култура и почит кон институцијата Претседател, и одговорност кон функцијата што и е дадена.