Двајца мигранти се самозапалија во кампот кај Сехово

22.03.2016 16:35

За кратко време, останатите успеале да ги изгаснат нивните тела пред да им биде предизвикана поголема штета или повреди.

Двајца мажи - мигранти изутринава се самозапалиле во импровизираниот камп во Сехово, во знак на протест поради затворањето на македонско-грчката граница.

За кратко време, останатите успеале да ги изгаснат нивните тела пред да им биде предизвикана поголема штета или повреди.

Во меѓувреме, во знак на протест, ја окупираат железничката пруга на просторот меѓу Грција и Македонија.

Тие велат дека ќе протестираат сѐ додека не се отвори границата.