Предлог за продолжување на рокот за кризна состојба на јужната и северната граница

23.03.2016 08:36

Целта е да се обезбеди континуитет во вршењето на активностите од полицијата и од армијата во функција на обезбедување, заштита и чување на државната граница...

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска треба да решава по владиниот предлог за продолжување на кризната состојба на дел од јужната и северната граница на Македонија поради мигрантската криза до 31- ви декември годинава.

Целта е да се обезбеди континуитет во вршењето на активностите од полицијата и од армијата во функција на обезбедување, заштита и чување на државната граница.

Првата одлука за кризна состојба поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ државава беше донесена во август лани, со важност од 30 дена, по што следуваше продолжување на рокот.