Поддршка за Македонија од Хрватска

24.01.2014 17:34

Претседателот на собранието на Република Македонија, Трајко Велјаноски, на говорницата од Хрватскиот Сабор на хрватската јавност и порача дека не се сомнева во нивната поддршка за деблокирање на преговорите на нашата земја за влез во европското семејство, што впрочем е и наша стратешка определба.

„Продолжете да ја давате поддршката која и сега ја давате за Македонија, за нашето интегрирање во НАТО и во Европската унија, затоа што заедно, кога и ние ќе бидеме членки во НАТО и Европската унија ќе можеме да постигнеме поголеми успеси, кои се важни и за Хрватска и за Македонија и за целиот регион“, рече Велјаноски.