ДИК го намали бројот на лица за теренска проверка на 89.383
Причина за намалување на бројот, е како што велат од од ДИК, дека записите покажале дека повеќе лица се појавиле како сомнителни по повеќе од наведените за проверка.

ДИК го намали бројот на лица за теренска проверка. Од 100.436, колку што првично беше објавно, на синоќешната седница беше соопштено дека на теренска проверка ќе подлежат 89.383 лица.
Причина за намалување на бројот, е како што велат од од ДИК, дека записите покажале дека повеќе лица се појавиле како сомнителни по повеќе од наведените за проверка. Административно, пак ќе се проверуваат 107 илјади 660 лица.
Теренската проверка треба да почне кон крајот на неделава. Лицата кои нема да бидат присутни во моментот кога тимот на ДИК ќе го врши тестирањето, имаат обврска во рок од три дена да се јават во подрачаните одделнија на Комисијата.
