Понеделник 28 март неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед

23.03.2016 10:50

Вториот ден на католичниот Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија...

Понеделник 28 март, вториот ден на католичниот Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството на граѓаните од католичка вероисповед им го честитаат празникот Велигден.