Судската администрација на тридневен штрајк
Ќе се одржува во работно време, а во периодот од 10 до 11 часот судските службеници, незадоволство ќе го искажат пред судовите.

Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација го актуелизира штрајкот. Ќе се одржува во работно време, а во периодот од 10 до 11 часот судските службеници, незадоволство ќе го искажат пред судовите.
Ќе се обезбедуваат минимум непречено извршување на функциите на судот и на институциите, односно постапките што се со времена мерка, притвор, постапките со странски елемент, обезбедување докази и тестамент ќе се одржуваат, а шалтер салите ќе работат за прием на нови тужби.
Синдикатот на УПОЗ најави дека во петок ќе биде организиран протест. Се бараат измени на Законот за судска служба и зголемување на платите на судските службеници.
