Иванов: Македонија и Грција мора да соработуваат во бегалската криза
Грција знаеше дека кога Австрија ќе ја исполни квотата, таа ќе почне со целосно затворање на коридорот. Ние инсистиравме кога ќе дојде тој момент, да почне да се празни грчката територија...

Сите активности што ги презема Република Македонија во справување со бегалската криза се согласно договорените мерки од сите земји на балканскиот коридор и ништо досега не е преземено еднострано или самоиницијативно, изјави претседателот Иванов во интервјуто за грчката телевизија „Стар“.
Грција знаеше дека кога Австрија ќе ја исполни квотата, таа ќе почне со целосно затворање на коридорот. Ние инсистиравме кога ќе дојде тој момент, да почне да се празни грчката територија и да се најде начин, дали преку воздушни коридори, сите што останале во Грција да бидат пренесени до земјите каде изразиле потреба да одат, претежно во Германија, изјави Иванов.
Прашан за коментар на изјавата на грчкиот министер за надворешни работи дека по одлуката за затворање на коридорот Македонија ќе има последици за евроатланските интеграции, претседателот Иванов му порача на Коѕијас да си ја повлече изјавата.
