Коалициските лидери не разговарале за предвремени избори
Груевски и Ахмети ...
Груевски и Ахмети , досега не разговарале за предвремени парламентарни избори, тврди портпаролот на интегративците . Актуелноста на темата во јавноста , како што изјави Османи , била повод да побараат отчет од партиските функционери за сработеното на седницата на централното претседателство.
-Предвремени избори во ниту една форма,ниту во ниеден форум не биле отворени помеѓу коалициските партнери до сега .Значи ниту е побарано од нас мислење за предвремени парламентарни избори од било кој политички субјект вклучувајќи ги и партиите во коалицијата - Бујар Османи портпарол на ДУИ.
За избори доколку се распишат подготвена и ДПА ,но како што изјави партискиот лидер Тачи по средбата со американскиот амбасадор Волерс, фокусот треба да е ЕУ- агендата , а не уште едни предвремени избори
-Глумирањето од другата страна . Од страната на Владата ми личи на такво нешто.Ние ќе бидеме приморани да излеземе на тие избори ,ако ДУИ сакаат да си ги мерат силите со нас на терен-Мендух Тачи претседател на ДПА
За претседателските избори позицијата на ДУИ уште еднаш потврдена . Консензуален кандидат е најдоброто решение и за договор, како што изјави Османи , подготвени се да чекаат до денот на распишувањето на изборите. .Изборот на шефот на државата според ДПА е трка, во којашто се знае чии гласови одлучуваат и затоа според Тачи ова и не е една од партиоските приоритетни теми.
Виолета Димовска
