Министерството за култура откупи три драмски текстови

23.03.2016 12:37

Од 39 пријавени на конкурсот, откупени три драмски текстови. Министерството за култура на авторите ќе им додели по 100 илјади денари...

„Госпоѓиците од Авињон“ на авторот Сашо Димоски, „Најденко во магичниот круг“, на авторот Татјана Гогоска и „Лична Ангелина“ на Загорка Поп-Антоска, се трите драмски текстови избрани на вториот конкурс на Министерството за култура, од 39 пристигнати.

За откупените текстови Министерството за култура на авторите ќе им додели надоместок од 100 илјади денари.

Избраните дела на првиот конкурс за откуп на драмски текстови беа промовирани на 50- то јубилејно издание на македонскиот театарски вестивал „Војдан Чернодрински“. Овие дела ќе се публикуваат и во печатено издание, преку кое ќе бидат достапни до сите театарски установи, продуценти, режисери и уметници, кои понатаму би ги поставиле делата.

 

Александра Перевска