„Алокејт софтвер“ ја проширува инвестицијата во Македонија

23.03.2016 12:47

Според првичната најава на компанијата, во канцелариите во Македонија треба да бидат вработени 50 програмери и да бидат инвестирани пет милиони евра.

Британската ИТ компанија „Алокејт софтвер“ ја отвори втората канцеларија во Македонија, со која ја проширува работата на македонскиот пазар каде е присутна од пред една година со центар за развој на апликации.

Нуди услуги за специјалистички софтвер за оптимизација на работна сила. Нивните решенија се користат во над 700 организации во јавниот и во приватниот сектор, а дел од нивните корисници се НАТО и Британската армија.

Според првичната најава на компанијата, во канцелариите во Македонија треба да бидат вработени 50 програмери и да бидат инвестирани пет милиони евра.