Продолжуваат мировните преговори за Сирија

23.03.2016 13:14

Двете страни што учествуваат во мировните преговори размениле документи во кои ги претставуваат основните ставови...

Пратеникот на Обединетите нации за Сирија, Стефан Де Мистура, изјави дека двете страни што учествуваат во мировните преговори размениле документи во кои ги претставуваат основните ставови.

И двете страни, најмалку што треба да направат е да покажат дека имаат сериозни намери и дека навистина сакаат да пронајдат начин за политичкиот процес или политичката транзиција, рече Де Мистура.