Петагон: Десетици терористи загинаа во напад врз тренинг камп на Ал Каеда
23.03.2016 13:31
Ова е удар врз способноста на Ал Каеда да го користи Јемен како база за напади и закани врз американци...

Во американски воздушен напад врз тренинг камп на Ал Каеда, на Арапскиот полуостров во Јемен, загинаа десетици терористи, соопшти Пентагон.
Ова е удар врз способноста на Ал Каеда да го користи Јемен како база за напади и закани врз американци, и покажува дека сме решителни да ја победиме Ал Каеда, изјави портпаролот Питер Кук.
