Алпско скијање, спуст (жени) во Кортина

Хефл-Риш доминантно пред Вајраjтер

24.01.2014 18:59

Германката Марија Хефл-Риш триумфираше на спустот во Кортина Д’Ампецо. Ден по второто место во супервелеслалом, таа славеше на патеката „Олимпија Деле Тофане“, остварувајќи ја третата победа сезонава во најбрзата дисциплина, а вкупно 27-ма во кариерата. Тина Вајратер од Лихтенштајн задоцни 31 стотинка за второто, а со висок стартен број 39, Австријката Никол Шмидхофер 75 стотинки за третото место.

Во спуст поредокот Хефл-Риш води со 425 бода, пред Вајратер со 340, а ја зголеми предноста и на врвот од генералниот поредок со 961 бод, пред Вајратер со 803 и Австријката Ана Фенингер со 794 бода.

Во Кортина за утре е планиран уште еден спуст, а за недела и уште еден супервелеслалом.