Ставрески: Најголем успех е намалувањето на невработеноста
23.03.2016 14:10
Од 2006-тата до денес биле отворени нови 150.000 работни места. Ова, според Ставрески е резултат на добрите полики, економскиот раст, подобрувањето на бизнис климата..

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески со отчет за сработено. Според него најголем успех на владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ е намалувањето на невработноста на 24,6 проценти.
Посочи дека од 2006-тата до денес биле отворени нови 150.000 работни места. Ова, според Ставрески е резултат на добрите полики, економскиот раст, подобрувањето на бизнис климата, воведувањето на рамниот данок, политиката на привлекување странски инвестиции и високиот износ на инфраструктурни проекти.
