Воведувањето на нови технологии во агро-бизнисот неопходни за борба против климатските промени
Сушите и поројните дождови ќе стануваат почести што значи и поголем ризик за земјоделството, велат од Агро-бизнис комората. Бараат да се овозможи законска примена на дронови и други видови современи летала во земјоделството...

Примената на нови технологии во аграрот е неопходна за заштита од климатските промени. Сушите и поројните дождови ќе стануваат почести што значи и поголем ризик за земјоделството, велат од Агро-бизнис комората.
Бараат да се овозможи законска примена на дронови и други видови современи летала во земјоделството за третирање на производните површини со заштитни средства.
Велат, ваквиот начин на аплицирањето на препаратите ги намалува трошоците и ги зголемува приносите.
Лани, поради непогодите биле ожнеани 75.000 од вкупно 95.000 хектари пченица.
