Аневски: Нужно е Јанева да присустувува на седницата и да го образложи извештајот

23.03.2016 14:38

Јанева и денеска не се појави пред колегите. Смета дека законот не ја обврзува лично да го образложи извештајот...

Советот на јавните обвинители бара обвинителката Јанева да присуствува на седницата и да го образложи извештајот. Јанева и денеска не се појави пред колегите. Смета дека законот не ја обврзува лично да го образложи извештајот.

„Денешната седница повторно е одложена и закажана за понеделник, во 11 часот, бидејќи по отворената дискусија меѓу членовите на Советот заклучивме дека е нужно обвинителката Катица Јанева да дојде и да присуствува заради разјаснување на некои работи што ни се нејасни“, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар  Аневски.