Димовски: Јанева да се извини за вчерашната изјава
23.03.2016 14:59
Изјавата на Јанева е многу опасна и сериозно штетна за државноста...

Бараме обвинителката Јанева да се извини за навредите кон државните институции. Со нивното негирање, таа се негира себе си, бидејќи во Собранието беше избрана со консензус, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
Изјавата на Јанева е многу опасна и сериозно штетна за државноста. Според таа изјава значи Македонија нема институции, претседател, Собрание, Влада, Уставен суд… Значи дека оваа држава не постои. Оваа изјава е обид за демонтажа на Република Македонија. Во минатите години се навикнавме на вакви изјави надвор од Република Македонија, но сега е жално што ваква изјава доаѓа од граѓанин на РМ, рече Димовски.
