Се подготвува третиот акциски план за отворено владино партнерство
Се подготвува третиот национален акциски план за отворено владино партнерство за периодот 2016- 2018 година. Целта е да се обезбеди поголема отвореност и одговорност кон граѓаните, платформа на која Македонија ѝ се приклучи во 2011-та година...

Националниот акциски план за отворено владино партнерство треба да ја подигне отвореноста на институциите и да ја зголеми одговорноста пред граѓаните, вели министерската Арсовска- Томовска. Според неа, на овој начин граѓаните и компании засилено ќе учествуваат во креирањето на политиките, законоданството, стратегиите.
Според евроамбасадорот Орав, институциите мораат да бидат отворени, транспарентни, да соработуваат со граѓанскиот сектор.
Во моментов се крои третиот акциски план за периодот до 2018-та година. Отвореното владино партнерство е меѓународна платформа, а на која Македонија се приклучи во 2011-та година.
Ана Јосифоска- Тодоровска
