СДСМ поднесе Предлог-закон за дополнување на Законот за помилување

23.03.2016 15:45

Според Сугаревски, со ова дополнување на Законот за помилување ќе се оневозможи едно лице да биде помилувано за повеќе кривични дела.

СДСМ во собранието достави предлог измени на Законот за помилувања. Како што рече координаторот на пратеничката група Горан Сугаревски, со тоа би се пополнила празнината што настана, со одлуката на Уставниот суд за укинување на одредбите од законот.

Според Сугаревски, со ова дополнување на Законот за помилување ќе се оневозможи едно лице да биде помилувано за повеќе кривични дела.