Блажевски во Азербејџан
Најдобриот фудбалер во Македонија за 2013-та

Најдобриот фудбалер во Македонија за 2013-та Дејан Блажевски е пред трансфер во азербејџанскиот прволигаш Хазар Ланкаран. Напаѓачот на Хоризонт Турново и прв стрелец во македонското првенство со 19 гола, утре треба да ги мине лекарските прегледи и да потпише двегодишен договор со екипата која ја предводи турскиот стратег Мустафа Денизли и е моментно осмопласирана меѓу 10-те состави во Премиер лигата на Азербејџан.
Цела година трае транфер одисејата на Блажевски кој беше на мета на клубови од Украина, Норвешка, Хрватска, Јужна Кореја и Кина. Неофицијално, азербејџанската екипа за која настапува македонскиот репрезентативец Никола Глигоров а која има една домашна и три нацинални куп титули, на Хоризонт Турново треба да му исплати отштета во висина од околу 250.000 евра.
