Закуп на државно земјиште поголемо од три хектари

24.03.2016 10:13

За 14 општини меѓу кои Струмица, Битола, Штип и Велес е објавен оглас за давање под закуп на државно земјоделско земјиште. Се нудат површини поголеми од 3 хектари, а распределбата ќе биде по пат на електронско јавно наддавање.

Понудени се вкупно скоро 800 хектари од кои поголемите површини се во Штип 340, Струмица 120 и Велес 64 хектари.

Парцелите се наменски за сточарите, односно за производство на добиточна храна,  житни, фуражни и индустриски култури за период до 15 години.

Големината на површината која може да се даде под закуп на еден учесник се утврдува врз основа на бројот на добиток и може да изнесува од 0,6 до 20 хектари.

Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни и странски правни лица кои мораат да достават и банкарска гаранција. Изборот е со електронско јавно наддавање, а понудите се поднесуваат во рок од 60 дена од денот на објавувањето на огласот.

Методија Трајков