Интерес за „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа купи стан“ во Крива Паланка
24.03.2016 10:35
Според градоначалникот Арсенчо Алексовски локалната самоуправа веќе одредила земјиште со парцели за прокетите кои се наоѓаат од десната страна на Крива Река покрај железничката пруга.

Проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ вчера беа претставени во Крива Паланка, а голем број млади од општината покажаа интерес за проектот кој им нуди можност со субвенции од Владата да основаат сопствен дом.
Според градоначалникот Арсенчо Алексовски локалната самоуправа веќе одредила земјиште со парцели за прокетите кои се наоѓаат од десната страна на Крива Река покрај железничката пруга.
Општината ќе изгради и патна и комунална инфраструктура, а урбанистичкиот план ќе биде финансиран од Министерството за транспорт и врски.
