ЕУ: Итен состанок на министрите за внатрешни во Брисел
24.03.2016 11:04
Ќе се разгледуваат нови мерки за зајакнување на Шенген правилата, уште построга контрола на местата на масовно собирање...

Неформален, но итен состанок на министрите за внатрешни работи и за правда во Брисел по терористичките напади во европската престолнина.
Ќе се разгледуваат нови мерки за зајакнување на Шенген правилата, уште построга контрола на местата на масовно собирање, како што се аеродромите, железничките и автобуските станици, подземната железница, спортските сали.
Според правилата донесени при крајот на 2015-та година полицијата ќе има право да легитимира и внатре во Унијата.
