Во Хаг пресуда за Радован Караџиќ
24.03.2016 11:14
Хашките обвинители во завршните зборови побараа доживотен затвор за Караџиќ.

Денеска попладне во Хашкиот суд ќе биде изречена пресудата за Радован Караџиќ, поранешниот претседател на Босанските Срби. Обвинет е за најтешки воени злосторства во Босна и Херцеговина, вклучувајќи и геноцид.
Хашките обвинители во завршните зборови побараа доживотен затвор за Караџиќ. Тој пак, за себе побара ослободителна пресуда тврдејќи дека ја немал власта која обвинителите му ја припишуваат и негирајќи дека се случил геноцид и етничко чистење во Босна и Херцеговина.
