Партизан ослабен против Мзт Скопје
Драган Милосављевиќ е третиот кошаркар....

Драган Милосављевиќ е третиот кошаркар од првата петорка на Партизан кој ќе паузира поради повреда. Влијателниот играч најверојатно нема да биде во составот за понеделничкиот дуел од 18-то коло во АБА лигата во Белград против Мзт Скопје Аеродром.
Милосављевиќ се повреди на вчерашниот дуел од Евролигата во Тел Авив со Макаби. Се претпоставува дека станува збор за незгодна повреда на коленото која и да не е толку сериозна, ќе го оддалечи од тимот, најмалку дваесет дена. Значи, по летонецот Бертанс кој не игра цела сезона, и францускиот плекјмејкер Вестерман кој е неколку месеци вон тимот, ова ќе биде нов сериозен хендикеп за српскиот првак кој има згуснат распоред на два фронта: во Евролигата и во регионалната Аба конкуренција.
