Бегалска криза: Невладините организации се повлекуваат од Грција

24.03.2016 11:42

Грчкиот министер за миграција, Музалас ги повика невладините да останат и да се справат со бегалската криза.

Невладините организации се повлекуваат од Грција, искажувајќи го на тој начин незадоволството од односот на грчките власти кон бегалците и мигрантите. По УНХЦР, уште две невладини организации најавија заминување од Грција.

Грчкиот министер за миграција, Музалас ги повика невладините да останат и да се справат со бегалската криза.

Грција од итниот механизам на Унијата доби 700 милиони евра, но многу малку е направено за создавање вистински услови за мигрантите во камповите.

На грчка страна во импровизираниот камп во близина на македонската граница се уште престојуваат околу 15 илјади мигранти.