Акција на СЈО во Централен регистар

24.03.2016 12:58

На обвинителството му биле предадени сите барани документи. За сега не се открива за која предистражна постапка станува збор.

Синоќа Специјалното јавно обвинителство спроведе акција во Централниот регистар која траела до изутрината. На обвинителството му биле предадени сите барани документи. За сега не се открива за која предистражна постапка станува збор.

Во акцијата која се одвивала во зградата на Народната банка асистирале и полициски службеници.

Од друга страна, Основното јавно обвинителство за организиран криминал ги демантира информациите објавени во некои медиуми за попречување на акцијата на Специјалното обвинителство преку влијание врз вработените во Централниот регистар.