Мурињо му врати на Венгер
Кога е Жозе Мурињо во прашање, никогаш не е здодевно во фудбалските кругови. Менаџерот на Челзи беше прозван од неговите колеги од Арсенал и од Манчестер сити, откако португалскиот стратег потврди дека Хуан Мата ќе го напушти „Стемфорд бриџ“ и ќе замине во Манчестер јунајтед. Арсен Венгер рече дека потегот на Мурињо не е чесен од аспект на тоа што трансферот бил направен по натпреварот на Челзи со англискиот првак. Според Венгер, тоа значи дека Мата нема да може да игра против Челзи сезонава, а ќе настапи на дуелите против Арсенал и Сити.

Кога е Жозе Мурињо во прашање, никогаш не е здодевно во фудбалските кругови. Менаџерот на Челзи беше прозван од неговите колеги од Арсенал и од Манчестер сити, откако португалскиот стратег потврди дека Хуан Мата ќе го напушти „Стемфорд бриџ“ и ќе замине во Манчестер јунајтед. Арсен Венгер рече дека потегот на Мурињо не е чесен од аспект на тоа што трансферот бил направен по натпреварот на Челзи со англискиот првак. Според Венгер, тоа значи дека Мата нема да може да игра против Челзи сезонава, а ќе настапи на дуелите против Арсенал и Сити. Мануел Пелегрини, пак, смета дека трансфери на играчи од екипи од исти првенства не треба да бидат дозволувани во јануари. Се разбира дека Мурињо не можеше да премолчи.
„Нормално е Венгер да се жали затоа што тој постојано го прави тоа. Ако тој го продаде Озил на Манчестер јунајтед, јас ќе бидам многу задоволен затоа што Арсенал ќе загуби добар фудбалер. А тој плаче и вели дека трансферот не е чесен. Не е чесно тоа што неговиот тим постојано игра во најдобрите термини. Ако ја анализирате програмата, ќе видите дека нивните натпревари се точно тогаш за да има доволно време играчите на Арсенал да бидат одморни“, во свој стил коментираше Мурињо.
