СЈО добило дел од бараните документи од Централен регистар

24.03.2016 14:45

Истражителите не ги собрале сите документи поради обемноста на материјалот, но како што велат од Специјалното обвинителство, сите документи кои се содржани во наредбата за одземање предмети ќе бидат прибавени наредните денови.

Обвинителите на Катица Јанева обезбедија дел од документите на Цетралниот регистар со кои ќе ги проверуваат сомненијата за евентуаен криминал. Истражителите не ги собрале сите документи поради обемноста на материјалот, но како што велат од Специјалното обвинителство, сите документи кои се содржани во наредбата за одземање предмети ќе бидат прибавени наредните денови.

Откако Централниот регистар по еден месец не одговорил позитивно на барањата на Специјалното обвинителство со образложение дека се нејасни, синоќа со полициска придружба, обвинителите на Јанева упаднаа во Централниот регистар и ги земаа документите.

Од Кривичниот суд потврдуваат дека Јанева вчера побарала да и се издаде наредба за одземање предмети, но не стигнало барање за претрес од Специјалното обвинителство. Од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги демантира информациите објавени во неколку медиуми за како што велат наводно спроведување на контра- акција преку вршење притисок врз вработените во Централниот регистар, а со цел да не се појавеле на работа.