И денеска не се одржа комисиската седница за извештајот на СЈО
СДСМ бара во Собранието истовремено да се разгледуваат извештаите на обвинителите Јанева и Зврлевски. ВМРО- ДПМНЕ го повтори ставот, Јанева не го почитува Уставот. И денеска не се одржа комисиската седница за извештајот на специјалната обвинителка...

Сѐ додека ВМРО-ДПМНЕ не реши да почне дебата за извештајот на Јанева, пратениците на СДСМ нема да учествуваат во работата на Комисијата за политички систем. Коориднаторот Сугарески вели дека владејачката партија го крши деловникот со тоа што не ја почнува седницата. Според опозицијата, не е неопходно присуството на Јанева за да се расправа за извештајот за нејзината работа.
Откако Јанева и денеска не се појави во Собранието, претседетелот на Комисијата за политички систем, Ѓорчев ја одложи седницата. Тој останува на ставот дека е неопходно Јанева да го образложи извештајот, постетувајќи дека функционерите даваат отчет за нивната работа во законодавниот дом.
Извештајот на Специјалното јавно обвинителство е ставен на деневен ред на собраниската седница в понеделник.
Наташа Гркова- Петрушевска
