Брисел: Терористите – тема на разговорите на министрите во очи нападот
24.03.2016 15:19
Состанокот бил одржан неколку часа пред Бакрави да се разнесе на бриселскиот аеродром, откако властите добиле информација од Турција дека тој бил депортиран од Турција во Холандија.

Белгиските медиуми пренесуваат дека владата во Белгија на денот на терористичките напади во Брисел разговарала за тоа што се знае за Ибрахим Ел Бакрави.
Состанокот бил одржан неколку часа пред Бакрави да се разнесе на бриселскиот аеродром, откако властите добиле информација од Турција дека тој бил депортиран од Турција во Холандија.
Информацијата до сега беше скриена од јавноста, а се појави откако тускиот претседател Ердоган рече дека официјална Анкара го информирала Брисел дека белгискиот државјанин е под обвинение дека е припадник на Исламска држава.
