Пешевски: 34.000 вработувања во наредниот период

24.03.2016 15:23

Странските директни инвестиции причинуваат повеќекратна корист за македонската економија...

Странските директни инвестиции носат повеќекратен бенефит за македонската економија, директни финансиски средства, остварување на директни вработувања, овозможуваат дополнителни вработувања и профит за домашните компании остварувајќи соработка со нив, трансфер на знаења и производи со додадена вредност кои го зголемуваат извозот на стоки.

Во оваа соработка над 500 македонски компанија остварија некаков бизнис со странските компании било како добавувачи или извршители на градежни или услужни дејности.