Се унапредува соработката меѓу деловната заедница и универзитетите
Американската стопанска комора во Mакедонија „АмЧам“ и Универзитетот „Свети Kлимент Охридски“ преку партнерска иницијатива до развивање академски програми што ќе бидат релевантни на деловниот сектор, но и јакнење на свеста кај компаниите за потемелна соработка со високонаучните институции.

Без вистински партнерски однос помеѓу универзитетите и стопанставото нема релевантна деловна заедница. Практичните проекти покажуваат дека деловниот сектор и те како некогаш придонесува за осовременувањето на наставата и академските програми. Образованието е еден од најважните столбови за „Мајкрософт“. Ние како компанија последниве шест години инвестираме во наставниот кадар со цел поадекватно да се примени технологијата во наставата, вели одговорната за оваа проблематика, Лора Адеми.
„Примената на технологијата во наставата е многу битен фактор особено за оние со претприемачки дух додека за другите познавањето на технологијата е еден од главните фактори при вработувањето“, вели одговорната за акедемските програми на „Мајкарсофт“ за Македонија и Косово, Лора Адеми.
Можностите се големи, само треба флексибилност да се премости јазот помеѓу капиталот на знаење што го нудат академските заедници и чинителите на пазарот на трудот, велат иницијаторите на проектот.
„Мислам дека тоа ќе делува и на конкурентноста кај сите компании во Македонија. И тоа не само кај странските компании иако ние како комора сме насочени токму тука. И за тие меѓународни организации е многу важно“ вели извршниот директор на „АмЧам“, Мишел Османли.
„Како универзитет ќе ги примениме осумте главни начела што се дефинарани на европско ниво. Критериуми што се покажале успешни и во високо развиените земји“ вели проректорката по наука на УКЛО, проф. д-р Елизабета Бахтовска.
Рецепт по кој студентите од академските клупи ќе излегуваат со многу повеќе знаење и практична работа или други вештини со кои полесно ќе затропаат на вратите на компаниите. Само Американската стопанска комора во Македонија ги застапува интересите на над 110 успешни странски и домашни компании.
Стевче Митревски
